КОМЕРЦИЈАЛНИ УРЕДИ
360° ПРОТОК НА ВОЗДУХ
Со 360° кај касетните клима уреди воздухот струи на сите страни од просторијата .
ПУМПА ЗА ОДВОД НА КОНДЕНЗ
Кај касетните клима уреди стамдардна верзија (или опција ) е дека е опремен со пумпа за одвод на конденз која може да ја крене водата до висина од 750 mm.
ФИКСЕН ДАЛИНСКИ УПРАВУВАЧ (ТЕРМОСТАТ )
Во споредна со инфрацрвениот далински управувач , фиксниот контролер се поставува на зид . Најголема примена има кај канцеларии каде контролата на клима уредот е поедноставна и по практична . Кај каналските клима уреди фиксниот управувач е стандарден , а кај останатите уреди е опција .
3D ПРОТОК НА ВОЗДУХ
Зидните -парапетните клима уреди имаат автоматски хоризонтални клапни и автоматска вертикална клапна , која обезбедува повеќе воздух во просторијата .
ДОВОД НА СВЕЖ ВОЗДУХ
Свежиот воздух во просторијата може да се донесе преку цевки или канали кои се лесно монтираат .
4 ВСИСА И 2 ПОТИСИ НА ВОЗДУХ
Конзолните клима уреди се опремени со 2 отвора за издув (потис ) на воздух и 4 отвори за всис на воздух .
ФЛЕКСИБИЛЕН НАЧИН НА ДОВОД НА СВЕЖ ВОЗДУХ
Влезот на воздухот кај каналските клима уреди од задниот дел е стандарден , а од долната стана е опција .Големината на задниот и отворот од долу е ист , за да може лесно да се направи промена доколку на монтажерот му ја олеснува монтажата .